Кочани и денеска со најмногу заболени

Во изминатите 24 часа во Кочани се регистрирани нови 15 лица заразени со КОВИД 19 со што и понатаму е на листата на градови со висока бројка на заболени. До денеска во нашата општина има 182 активни случаи на заразени со коронавирусот.

Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 14 оздравени пациенти.

Во Виница пак бројот на новозаразени денеска е 5 лица, активни случаи во оваа општина до денес има 35 лица.

Министерството за здравство од направените 1350 тестирања, регистрираше 191 случај на КОВИД 19, 77 оздравени пациенти и тројца починати лица.

Сподели: