Одложен стартот на втората лига

НЕОЧЕКУВАНО НА ТРИ ДЕНА ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО, КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ПРИ ФФМ ГО ОДЛОЖИ ПРВОТО КОЛО, БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НОВ ТЕРМИН ЗА ПОЧЕТОК НА ЛИГАТА. ВО ПОЕДИНИ КЛУБОВИ НА ИСТОКОТ СМЕТААТ ДЕКА ВО ПРАШАЊЕ СЕ ПРОБЛЕМИ ОД ФИНАНСИСКИ КАРАКТЕР И ВИСОКАТА КОТИЗАЦИЈА.

Комисијатазанатпреварувањепри ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на Втората македонска фудбалска лига. Комисијата дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпревари од првото коло во ВМФЛ, се вели во информацијата од ФФМ.

Сезоната во второлигашката конкуренција, која сега ќе биде единствена со 16 клуба, требаше да стартува престојниов викенд, односно на 13 август. Меѓутоа кога ќе старуваат второлигашите,дополнително ќе се определи датумот. Во соопштението нема образложение за причините за одложениот старт на втората лига. Од поедини клубови стигнуваат неофицијални информации дека во прашање се финансиските проблеми на поголем број од клубовите и високата котизација.

Сподели: