Маржата ограничена, дрвата „папрени“

ВО ВРЕМЕ КОГА НА ПАЗАРОТ НА ОГРЕВНО ДРВО И ПЕЛЕТИ ТРГОВЦИТЕ ПРАВАТ ШТО САКААТ И ПРЕДИЗВИКУВААТ ЦЕНОВЕН ХАОС, ВЛАДАТА ОДЛУЧИ ДА ЈА ОГРАНИЧИ МАРЖАТА НАЈМНОГУ ДО 10%. КАКО ТОА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА НА ПАЗАРОТ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ. ДАЛИ ЦЕНИТЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ, ИСТО ТАКА НИКОЈ НЕ ЗНАЕ.

Трговската маржа за огревното дрво и пелети се ограничува до 10%, одмлучи Владата на денешната седница, а по предлог на Министерството за економија. Со оваа мерка се очекува да се уедначат цените на мало на овие енергенси. Меѓутоа засега не се соопштува што конкретно ќе значи тоа за купувачите, дали и колкави евентуални поефтинувања ќе се случат на пазарот.

Иако анализите веројатно допрва ќе следуваат, остануваат отворени прашањата за трошоците околу сечењето на дрвата, сечењето и кубицирањето, транспортот од планина до купувачите, кои можат да бидат значително различни. Освен тоа различна е сечата во државни и во приватни шуми, па без оглед на маржата, можат да се јават и разлики во цените.

Јавното претпријатие за стопансиување со шумите, Национални шуми, деновиве поднесе барање и за зголемување на цената за 20 %, како последица на зголемени трошоци, за што Владата сеуште не се произнела. Паралелно, во државата се врши промет соогревнодрвооддаб иодбукапо цени од 4200 до 4500 денари за метар просторен, и напелетизаогрев по цена од 340 до 400 денари за вреќичка од 15 кг.

Сподели: