Солидна партија за Дино Лазарев во поразот на кошаркарската репрезентација “Под 16” години

Машката кадетска селекција на Македонија загуби од Турција во осминафиналниот натпревар од Европското првенство во кошарка, кое деновиве се игра во Скопје. И покрај поразот со резултат 82:74, сепак за нас кочанчани радува фактот што Дино Лазарев – идната кошаркарска надеж на градот имаше солидна партија, и со 8 постигнати поени (две погодени тројки од три обиди) во нападот од една страна, како и со исполнување на поставените одбранбени задачи од друга страна, многу рационално ги искористи дваесетте минути кои ги помина на теренот.
Во спортската сала “Кале” во Скопје беа присутни и пеесетина кочански вљубеници во кошарката кои специјално допатуваа во главниот град за да му ја дадат подршката на нашиот Дино.

Сподели: