Мотоциклист од Кочани загина во сообраќајна несреќа

Педесетгодишен маж од Кочани загина во сообраќајна несреќа.

Управувајќи мотор тој се судрил со патничко возило.

„На 17.08.2022 во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани. По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.

Сподели: