Субвенции за малверзации

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ РАСФРЛААТ СО ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ОД КОИ ФАЈДЕ НЕМААТ НИТУ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НИТУ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ТУКУ САМО СЕ БОГАТАТ ОТКУПУВАЧИТЕ. ПРИ ТОЛКУ СУБВЕНЦИИ, ОРИЗОПРОИЗВОДСТВОТО Е НА НИВО ОД ПРЕД 30-40 ГОДИНИ. САМО ПОЕДИНИ ПАРТИСКИ ЕКСПОНИРАНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ КОРИСТАТ НЕКАКВИ БЕНЕФИЦИИ, КОГА НИВНИТЕ СЕ НА ВЛАСТ

Ако претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, вели декаапсолутендебакле тоа што во последните три децении се потрошенинадеднамилијарда засубвенциии притоа не е остварена никакваконкретнадодаденавредност, тогаш сосема е јасно во какви матни води пливаат мерките на надлежните во оваа сфера. Многу провидно е дека по секое штрајкче или поголем штрајк, министрите се расфрлаат со народни пари, воведувајќи најразлични субвенции, само да останат на власт. Земјоделците во шега коментираат дека поисплатливо е да не сеат и да не работат по нивите, отколку да сеат, бидејќи за многумина субвенциите се леб без мотика.

Дека имало малверзации со субвенциите кај арпата и оризот, своевремено потврди и министерот Николовски, во делот на откупени количини и тоа главно од преработувачите. Но тој сомнеж ниту беше докажан, ниту некој понесе одговорност. Меѓу земјоделците кружат коментари дека кога една партија е на власт, бенефициите по разни основи ги користат земјоделците блиски до неа, а кога е друга, тогаш други земјоделци се офајдуваат.                                                                                                                      Деновиве еден земјоделец од кочанско субвенциите ги спореди со залажувачко лижавче за деца, бидејќи ни приближно не можат да го надоместат минусот од ниските откупни цени. Штом откупувачите и преработувачите ќе слушнат за субвенции, веднаш ги прилагодуваат цените за истиот износ и профитираат на грбот на земјоделците.

Впрочем, сите во Кочани и околината знаат дека при огромни пари исплатени во земјоделието, тоа стои во место како пред три-четири децении. Дури бележи и стагнација. Семенската застапеност речиси никаква, наводнувањето полошо, жетвата со петдецениски комбајни, биењето во стари фабрики, пакувањето главно во вреќи. Така беше и во 1980 или 1990 година.

Сподели: