Реакција на соопштението на ДПМНЕ

Почитувани сограѓани, 

Најостро реагираме во врска со соопштението на ДПМНЕ и актуелното раководство на Водовод. Јавноста заслужува да биде информирана. 

Имено, осигурувањето на комуналното претпријатие е законска обврска и доколку истото не е осигурано, одговорното лице подлежи под кривична одговорност. Во соопштението се наведуваат години кога Водовод има спроведено јавна набавка за осигурување, а брокерот не подлежи под закон за јавни набавки за осигурување бидејќи Водовод не го плаќа истиот, туку брокерот си ги наплаќа извршените услуги од осигурителната компанија.

И актуелниот градоначалник Папазов за време на директорувањето во Водовод има користено брокерски услуги како што користи и сега во самата Општина. Прашањето сега е дали директорот на Водовод Антонио Паунов има склучено договор за осигурување на претпријатието и ако нема, зошто е тоа така? 

Кој ќе сноси одговорност и кој ќе ги покрие настанатите штети? 

Дали ќе има кривична одговорност за недомаќинско работење и за предизвикана намерна финансиска штета на претпријатието?

Кој ќе има корист од сето тоа?

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: