Трагедија во Италија: загинале момчиња од Кочани и Виница

ОД ВЧЕРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ КРУЖИ ВЕСТА ДЕКА ВО ИТАЛИЈА, ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНАЛЕ ДВЕ МОМЧИЊА, ЕДНОТО ОД КОЧАНИ, РОДЕНО 2004, А ДРУГОТО ОД ВИНИЦА РОДЕНО 2005 ГОДИНА. ВО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈКА Е ПОВРЕДЕН И ТРЕТ СОПАТНИ ЧИЕ СЕМЕЈСТВО ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ДО ТРАГЕДИЈАТА ДОШЛО ПРИ СУДАР НА ПМВ И ТОВАРЕН КАМИОН.

Според информации од социјалните мрежи, кои базираат на црковни извори, во градот Ница Монферати во Италија, се случилна страотна сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило и товарно возило, при што животот го загубиле две млади момчиња од Македонија, кои со своите родители живееле и работеле во областа Пиамонти. Едното е со потекло од Кочани, со иницијали С.С и е на 18 годишна возраст. Другото со иницијали М.Г. е на 17 годишна возраст, а семејството потекнува од Виница. Во сообраќајната несреќа е повреден и трет сопатник, кој се здобил со тешки телесни повреди, но нема информации дали е во животна опасност. Се работи за момче чие семејство потекнува од Македонска Каменица.

Засега нема детали како дошло до несреќата и кои се причините за истата, ниту кој управувал со возилото, со оглед на фактот дека момчињата биле на граница на полнолетство.

Сподели: