Започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес„

Деновиве започна изградбата на улицата „Смилевски конгрес“ во населба Драчевик, во должина од 186 метри и ширина од 6 метри.

Во склоп на градежните активности ќе биде извршен машински ископ на земја, тампонски слој од дробен камен и асфалтирање. На десната страна од улицата ќе биде изработен и тротоар од бекатон плочки.

Изградбата на улицата е во вредност од 2.638.000 денари, обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“.

Сподели: