Пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето

ПО ОСУМ ДЕНА ОД ИСЧЕНУВАЊЕТО , ДЕНЕСКА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ЗРНОВЦИ, Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЗДРАВКО ДИМИТРОВ ДАКЛЕТО. САМИОТ СИ ГО ОДЗЕЛ ЖИВОТО СО БЕСЕЊЕ НА ДРВО ПОКРАЈ ПАТОТ КОН МОРОДВИС.

Осмиот ден од исчезнувањето утрово е пронајдено телото на Здравко Димитров Даклето, кој исчезна минатиот петок, оддалечувајќи се од домот во непознат правец. Го пронашол случаен минувач. Кој го забележал обесен на дрво, преку патот над објектот на некогашниот дисперзиран погон на Индустријата Руен. Случајот е пријавевен во полиција, при што е извршен увид на лице место.

Зрновјани се шокирани од веста дека нивниот сограѓанин сам си го одзел животот. Во изминатите осум дена беа организирани неколку потери по него, како покрај реката Брегалница, така и по клисурата на Зрновска река кон Плачковица, кои завршуваа безуспешно.

Трагедијата да биде поголема, и братот на Здравско Димитров, пред повеќе од десетина години си го одзел животот со бесилка. Поедини пријатели на Даклето во изминатите донови спомнуваа дека тој во последно време се жалел дека запаѓа во депресија и дека живото му дојадил и не му се живее. Но никој не сакаше да поверува дека и тој ќе посегне по сопствениот живот.

Сподели: