Денови на кочанскиот ориз 2022 – повик

Организацискиот одбор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ ги повикува заинтересираните институции, здруженија, организации и поединци кои сакаат да се претстават на манифестацијата со штандови да искажат интерес во Општина Кочани.

На штандовите можат да се изложуваат производи, домашни ракотворби, изработки од ориз, здрава или органски произведена храна, уметнички креации и сл.

На штандови со промотивен материјал можат да бидат претставени и институционални проекти и активности.

Претставувањето на здруженијата, компаниите и институциите е планирано за  8 октомври (сабота) во Паркот на Револуцијата, во периодот од 11 до 17 ч. За штандовите не се плаќа надомест.

Пријавувањето е до 3 октомври, на телефонските броеви 072 275 610 и 072 586 818.

                                                                                    Одделение за јавни дејности

                                                                                                Општина Кочани

Сподели: