ТППЕ Кочани доби ново теренско противпожарно возило

Територијалната Противпожарна единица Кочани доби ново теренско протипожарно возило, донација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Новото возило кое е дел од возниот парк на ТППЕ Кочани е наменето за гаснење на шумски пожари и пожари на сите тешко достапни места, кое ќе придонесе кон побрзо дејствување во одредени ситуации на нашите пожарникари.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на нашите пожарникари Кочани им посака успешно да го користат новото возило и напомена дека со добивањето на ова возило ТППЕ Кочани ја доби целата опременост за интервенции на терен при шумски пожари и тешко достапни места.

Сподели: