12.10.2020: 10 новозаболени, 8 оздравени и 2 починати

Пет починати лица и 177 новозаразени е билансот во изминатово деноноќие во Македонија, соопшти пред малку Министерството за здравство.

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 96, Куманово 5, Штип 7, Прилеп 1, Тетово 19, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 1, Гостивар 6, Гевгелија 1, Струмица 8,Крива Паланка 2,Радовиш 2,Кочани 10,Берово 6,Виница 5,Делчево 4 и Неготино 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје 44,Куманово 2,Штип 3,Прилеп 7,Тетово 6,Струга 2,Битола 2,Охрид 1,Кавадарци 2,Гостивар 1,Гевгелија 1,Струмица 5,Радовиш 1,Крушево 1,Кочани 8,Пробиштип 1,Берово 4,Валандово 2,Делчево 1,Свети Николе 9,Кичево 1,Ресен 2 и Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015, се наведува во инфорамцијата.

Сподели: