Соопштение од Васе Алексов ,советник од ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Почитувани сограѓани,

Денес, на седница на совет на општина Кочани присуствував на театар на кој опозицијата, а посебно Аки Акиов кој би требало да се бори и да ги штити интересите на ромската заедница во Кочани, одбија да дадат подршка за реализација на проектот за изградба на куќички за Ромите од старата касарна.

Иако знаат дека процедурата е закочена во Министерството за животна средина, односно истата е закочена од централната власт, наместо да се ангажираат, и да се одблокира процесот и конечно да се отпочне со изградба на истите, тие, прават театар во советот, симнувајки се на урлање и надвикување како и лични навреди кон мене и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ!

Акиов отиде до таму што изјави дека ,,ќе ургира на високо ниво” да се повлечат парите од Кочани и да се дадат на друга општина!

Значи треба сите да знаат, а посебно Ромите во Кочани, дека Акиов освен за сопствените лични интереси не е загрижен воопшто за животот на останатите Роми потврдувајки го тоа со самото негово ставање на листата на СДС само за да добие сигурно столче за паушал!

Васе Алексов-член на Совет на општина Кочани од СГ на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели: