Советот на Општина Кочани ја одржа 21. седница

Советот на Општина Кочани ја одржа 21. седница на чиј предлог-дневен ред се најдоа две точки.

Со 18 гласа „за“, Советот донесе заклучок за прифаќање на  решението за запирање на објавувањето на Одлуката за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8  и Телевизија Кочани – ЛД. По гласањето, на предлог на претседателот Лазо Митев, Советот ја симна од дневен ред втората точка – одлука за доделување еднократна финансиска помош на двете локални телевизии.

Точките на 21. седница произлегоа од претходната седница, кога Советот даде поддршка на предлогот за еднократна помош на двата медиума, но градоначалникот, како надлежен за оценување на законитоста на прописите што ги донесува Советот на Општина Кочани, со решение го запре објавувањето на одлуката. 

Сподели: