Во недела протест на полициските службеници од Кочани

Поради се поголемата зачестеност на кривични пријави против полициски службеници на кои суспензијата од работните места се користи како репресивна мерка и целосно дискредитирање на личноста на полицаецот, се посилна е потребата за жесток синдикален одговор.

На 04.12.2022 година (Недела) пред зградата на ОВР Кочани, Независниот синдикат на полицијата ќе оддржи масовен протест како реакција на последните 4 решенија за суспензија на полициски службеници од БПС Кочани.

Ги повикуваме сите колеги, граѓани, невладини организации, но и Министерот, Директорот на БЈБ и останати добро намерници, да застанеме рамо до рамо во заеднички протест за полициска правда!

Вчера беше Гоце во Битола, денес сум Јас во Кочани, утре можеби си Ти! 

Сподели: