10 фудбалски „Адидас“-ки за училишта во Оризари и Кочани

ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СТЕКНУВАЊЕТО ЗДРАВИ НАВИКИ КАЈ МЛАДИТЕ, ЗГ „СРЕЌНИ ЛУЃЕ“ ГИ ДОНИРАШЕ ФУДБАЛСКИТЕ ТОПКИ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА. ДЕЦАТА ПОКРАЈ ФУДБАЛСКИ ТОПКИ ДОБИЈА БРОШУРИ ОД ПРОЕКТОТ, А ИМ БЕА ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ НА УЧЕСНИЦИТЕ КОИ НЕ БЕА ПРИСУТНИ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН.

По успешно завршениот проект „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари, имплементиран од страна на ЗГ „Среќни Луѓе“, во кој беа опфатени над 35 девојчиња и момчиња на возраст од 7 до 12 години, денеска претставник на проектниот тим, им ги донираше шесте топки на учениците од Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, за да ги користат во нивната секојдневна настава на часовите по физичка култура. Пакетот фудбалски топки го прими директорката на училиштето, Соња Иванова, која се заблагодари на донацијата и воедно најави нови проекти во рамките на училиштето за потребите на децата.

На доделувањето на фудбалските топки од брендот „Адидас“ присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој ја искористи приликата да истакне дека општината води постојана грижа за создавањето што подобри услови за секое дете во неговиот воспитно-образовен процес.

Преостанатите фудбалски топки здружението ќе ги донира во уште две основни и подрачни училиша, со цел да им се овозможи на учениците да спортуваат, а под мотото Спорт за здрави навики кај младите.

Проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“ на ЗГ „Среќни луѓе“ се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 и ReLOaD2, е финансиран од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации, (UNDP).

Сподели: