Акумулациите полупразни, доаѓаат рестрикции

Неповолната хидролошка состојба во првите два ипол месеци од годинава, најверојатно ќе ја остават полупразна акумулацијата Калиманци, а тоа значи дека одговорните во Водостопанство „Брегалница“ ќе мора да применат рестирктивни мерки во поглед на сеидбената структура и површините кои ќе се наводнуваат во претстојната производствена сезона. Резервите вода во најголемото вештачко езеро на истокот се движат над 70.милиони кубици, што е само за десетина милиони повеќе од половина од вкупниот капацитет од 120.милиони. Со актуелниот доток од Брегалница и другите реки, кој се движи околу 5до 6 кубни метри во секунда, реално е да се очекува дека до стартот на сезоната ќе се акумулираат нешто над 80.милиони кубни метри вода, што се недоволни количини за целосезонска и успешна наводнителна сезона. Згора на тоа, до крајот на март не се очекуваат пообилни врнежи и поголем воден талог, што го зголемува песимизмот на водостопаНСТВЕНИЦИТЕ.

Доколку не се случи нешто непредвидено од аспект на полнење на вештачките езера, во текот на април се можни драматично случувања околу тоа каде се ќе се примени рестрикција, односно кои полиња ќе останат без оризовата култура, како најголем потрошувач на вода, а кои воопшто нема да добијат вода, без оглед на сеидбената структура. Затоа ќе биде неопходно реално да се согледаат вкупните состојби во Кочанската Котлина, но и во полињата во штипско и Овчеполието, за да се определат најефективни мерки, за да не се случат катастрофи со поледелските култури.

Сподели: