Во нива пронајдени човечки коски,облека и обувки

На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во нива на место викано „Кочански дол“, атар на Кочани, биле пронајдени човечки коски, облека и обувки.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

По наредба на Јавен обвинител пронајденото било дадено на вештачење, информираат од полицијата.

Сподели: