Претстои упис на првачиња во учебната 2023/2024 во основните училишта во Кочани

Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта.

Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите ќе добијат покана.

Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај 2023 година.Соопштението за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 во основните училишта во Општина Кочани е на следниот линк: https://kocani.gov.mk/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1%88%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b2-2/

Сподели: