Страотен судар на џип и шевролет, тројца загинати

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди.

Во несреќата учествувале две возила, а покрај загинатите во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено на лекување во Скопје.

Во првичното соопштение од МВР се вели: Денеска околу 12:30 часот, на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано Криви Дол, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘тојота ленд крузер‘ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д. С. (29) од Кочани и ‘шевролет калос‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. М. (44) од Скопје. На местото на несреќата починалe В. З. (62) од Кочани и малолетна сопатничка од ‘шевролетот‘“

Сообраќајот од Штип до клучката кај Кадрифаково повеќе часови е во прекин и до извршување на истражната постапка е пренасочен по стариот регионален пат.

Сподели: