План за вработување во МБ „Искра“ за 2021 г.

Според планот за вработување на Библиотеката „Искра“ во наредната 2021 година, ќе се реализира само едно вработување, и тоа по основ на испразнето работно место поради пензионирање. Работното место е виш библиотекар, во рамките на работната единица Роднокрајно одделение и библиографии, со бруто годишна плата од 520.272 денари.

Во текот на 2021 година се планирани две заминувања во пензија, со што ако не се случи промена во планирањата, Матичната библиотека на крајот од наредната година, од сегашните 10 ќе го намали вкупниот број на вработени на 9.

Овој план за вработување му е доставен на Советот на општина Кочани, кој по истиот треба да се произнесе на 48-та редовна седница.

Сподели: