Прв кикс на „Чешиново 2015“ …

Во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Чешиново 2015“ освои само бод против домаќинот „Спартмани“, што претставува изненадување, со оглед на резултатите на чешиновци во претходните четири кола, кога мелеа се пред себе. Но шанса за поправен фудбалерите на тренерот Натков имаат веќе наредниот викенд кога во Чешиново гостува есенва мошне добриот Малеш.

Еве ги резултатите од 5-тото коло „Спартмани“ – „Чешиново 2015“  1:1, „Малеш“ – „Работник“  8:0, „Брегалница сениори“ – „Хоризонт Турново“  3:2, „Овче Поле“ – „Детонит“  0:1, „Карбинци“ – „Тиверија“  1:2, и „Раклиш“ – „Василево“  3:2

„Чешиново 2015“ и понатаму е лидер со 13 бода пред „Малеш“ и „Детонит Јуниор“ со по 12, „Брегалница сениори“, „Спартмани“ имаат по 10, „Хоризонт Турново“ 9, „Овче Поле“,и „Тиверија“ по 6, и на дното „Раклиш“, Работник“ по 4 бода.

Сподели: