За инвертори во Кичево 1000 евра, во Кочани 170 евра

За тоа која град како се справува со загадувањето и колку инвестира во неговото намалување, можеби најсликовито зборуваат споредбените показатели. На пример, додека Кичево со околу 6000 семејства субвенционирало 800 домаќинства за инвертери, со по неверојатни 1000 евра од општината и од ЕВН, Кочани, со поголем број семејства, во оваа мерка влегло со по скромни 10.000 денари. Или сумирано Општина Кичево и ЕВН ги помогнале граѓаните со 800.000 евра, а Општина Кочани со еден милион денари, или околу 17.000 евра.

Притоа факт е дека загадувањето и во Кичево и во Кочани е најголемо навечер, кога се палат ќумбињата и почнува загревањето на домовите со дрво, ќумур или течни горива. Загадувањето на воздухот станува голема закана по здравјето на локалните жители од сите возрасти, а најмногу на децата, постарите лица и хронично болните.

Познати технолози стручно објаснуваат дека најголем загадувач на амбиенталниот воздух е греењето со дрва, ќумур и слично, особено поради горењето на сурови дрва со голем процент на влага во нив. Уште поголем загадувач е отпадното дрво од пиланите кое испушта најголем процент ПМ 10 честички. За согорувањето пластика, гуми, облека и други материјали, излишно е да се зборува колкава концентрација на загадување емитуваат.

Одтука, за да почувствуваат кочанци барем мало намалување на загадувањето, неопходно е субвенционирање на две до три илјади домаќинства кои печките на дрва би ги замениле со инвертери. И плус, по кои критериуми во Кичево се доделуваат по 1000 евра а во Кочани по 170 евра ?

Мерки против загадувањето

ЗА ИНВЕРТЕРИ ВО КИЧЕВО ПО 1000 ЕВРА, ВО КОЧАНИ ПО 170 ЕВРА

Сподели: