Кактусови полиња во Грланско маало

Чуда ја прават оваа замја чудна, бидејќи на мала територија се случуваат такви природни феномени, на кои дури и научниците во прв момент немаат сигурен одговор. Виничани, особено жителите на Грланско маало од Виничка Кршла, со години се прашуваат, кој и како ги донел познатите кактусови растенија од видот Opyntia во недопрената природа на доловите покрај селото, како тие се прилагодиле на овдешните климатско-почвени услови и што би можел да значи нивниот опстанок на нетипичниот континент и на надморска височина од околу 500 метри.

Мештаните воопшто не се возбудуваат поради појавата на кактусовите растенија, бидејќи одамна знаат за нив и сметаат дека се одомаќиниле. Еден од нив е Венко Манасиев, кој секоја година ги гледа кактусите со нивните зелено-сини бои кои се прелеваат во специфична виолетова нијанса, која никој не го остава рамнодушен.

Инаку, овдешното население верува дека силни ветришта кои понекогаш носат пустинска прашина можеби донеле и кактусово семе, кое овде успеало да вегетира. Можно е и некои птици преселници да ја одиграле улогата на сејачи. Трета теорија е дека тука пред многу векови имало кактусви растенија но дека поради климатските промени, опстанале само на одредени места. Феноменот на кактусовите долини е во фактот дека тие немаат речиси ништо заедничко со пустинските предели во САД и Максико, а сепак овозможуваат егситенција и успешна вегетација на кактусите. Дека оваа земја навистина е чудна зборуваат фосилните откритија од носорог, слон и други одамна изумрени животни карактеристични за степски и прериски подрачја во Делчевско.

Сподели: