ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Времето денеска облачно со магла по котлините

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Следните денови стабилно време со утринска магла по котлините

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР. В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прочитај повеќе