Бетонирање улици и потпорни ѕидови во Ромското Маало во Кочани

На спојот меѓу улиците „Стив Наумов“ и „Гроздан Трифунов“, во близина на улицата „Славчо Стоименов“ во Ромското Маало во Кочани почна изградбата на потпорен ѕид. Изведувачот деновиве работи на разбивање на постојните армирано-бетонски ѕидови и транспорт на градежниот шут. Според проектот, до новиот потпорен ѕид ќе бидат изградени и пристапни скали. Со овие градежни активности почна реализацијата на проектот „Бетонирање улици и  потпорни ѕидови во Ромското Маало во Кочани“, за што се наменети 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на Владата, а утврдени во Буџетот на Општина Кочани за поддршка…

Прочитај повеќе