Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” годинава во скратено издание

Дваесет и деветтото издание на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз” годинава ќе се одржи на 3 октомври, во скратена форма. На одржаниот состанок, Организацискиот одбор на манифестацијата утврди дека поради корона-кризата неопходно е многубројните, повеќедневни содржини да бидат сведени на минимум. Се планира да се прикажат само обичаите зажнејување и вршидба, како настани што ја одржуваат релацијата со традиционалниот начин на одгледување на кочанскиот ориз. -Целта е да не се прекине тридеценискиот континуитет на манифестација, а да се избегнат масовни собири и опасноста за ширење на заразата. Во рамки…

Прочитај повеќе