КОВИД 19 

3 новозаразени, 11 оздравени и двајца починати пациенти од Кочани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 3 новозаразени пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрираше 11 оздравени пациенти. Двајца пациенти од Кочани (49 и 68г) се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Во Кочани денес има 203 регистрирани активни случаи.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Следните денови стабилно време со утринска магла по котлините

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР. В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Нови цени: Бензинот поевтинува, а дизелот …

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави новите цени за горивата. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 58,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 60,50 денари по литар, дизел гориво за 50,50 денари по литар, екстра лесно гориво за 50,50 денари по литар, мазутот за 26,938 денари по килограм.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Викенд временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавувата дека времето во следните два дена ќе се задржи стабилно со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста,…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Вечерва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 79, од 26 март. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на времето почнува секој…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожар во куќа во Кочани, нема повредени

Вчера во 15,00 часот било пријавено дека во Кочани, на ул.„Блаже Поп Арсов“ во куќа сопственост на С.С. настанал пожар. Во пожарот нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани, информира полицијата.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Шумски полицајци нападнати од дрвокрадци

Вчера околу 16,30 часот, вработени во шумската полиција во Кочани, додека извршувале службени дејствија во содејство со полициски службеници од полициската станица, биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање, односно запленување на патничко моторно возило  „Лада Нива“. Возилото било без регистарски ознаки и натоварено со неутврдена количина огревни дрва, без соодветна документација за нив, се вели во информацијата од МВР. За инцидентот е известен Јавен обвинител, и се преземаат мерки за негово расчистување и приведување на напаѓачите заради понатамошна постапка.

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница, над 14.000 за помалку од месец во државата

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кочани и Виница, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила,…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Умерен интензитет на сообраќај на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Одговор на ОО СДСМ на пресот на пратеникот Миле Лефков: Помина времето кога образованието служеше за перење пари и партиски активизам

За разлика од „наконтените“ (под наводници) прес-конференции на министерот за образование, актуелниот пратеник Лефков ќе се потсети како тие ги пречекуваа премиерот  и министрите од нивните редови: со блокирање на целокупната настава, со училишниот хор и оркестар, со вклучување на целокупниот наставен кадар и какви уште не фанфари во присуство на целата дополнителна локална партиска свита. За разлика од нив актуелните директори не ја прекинаа онлајн наставата заради пречекот на министерката Мила Царовска и околу нив немаше партиско раководство. Напротив, нејзиниот работен состанок низ училиштата беше мобилен, од нога и…

Прочитај повеќе