ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Протест поради криминалот и разбојништвата

Жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утре излегуваат на мирен протест во Градскиот парк во Кочани поради високата стапка на криминал и разбојништва во Кочани, изразени во последно време. Во известувањето до граѓаните на Кочани се вели: „Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека на 16.04.2021 година (петок) со почеток од 15:30 часот во Градскиот парк во Кочани ќе биде одржан мирен протест поради високата стапка на криминал и разбојништва во населбите Трјаново Трло, Усова чешма и Шатровик. Ве повикуваме на мирен начин да го искажеме нашиот револт…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Разбојништвата во Усова чешма, Трајаново трло и Шатровиќ продолжуваат со уште посилен интензитет

По неодамнешните немили настани кога добро организирана криминална група дивееше низ населбата Трајаново Трло сакаме да ја известиме јавноста дека разбојништвата продолжија и денес. Во сред бел ден, на лице место, беа затечени малолетни разбојници кои провалија во куќа во нашата населба и беа фатени од сопственикот којшто во тој момент се наоѓал во својата куќа. Беше повикана полиција и се очекува да се огласат надлежните за мерките кои се преземани. После само неколку часа, во населбата Трајаново Трло исто така се фатени тројца малолетни разбојници од страна на сопственикот…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Доста надлежните си ја префрлаат одговорноста, додека граѓаните страдаат

После успешната Еко Акција во Трајаново Трло жителите се соочија со насилство и вандализам од организирани Криминални Групи Ја известуваме јавноста дека на 11 Април 2021 година ние жителите на населбата Трајаново Трло во мултиетнички состав, како репрезент на соживотот во населбата, организиравме еко акција на која беа исчистени две зелени површини и голема количина на смет беше однесена на Градската депонија. За жал после успешната акција,  се соочивме со неколку кражби и разбојништва во истиот тој ден а во два случаи разбојниците беа фатени на лице место. По ова,…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Инцидент во Трајаново Трло со масовна тепачка и повредени

Во време на полициски час, синоќа во населбата Трајаново Трло се случувала драматична физичка пресметка помеѓу граѓани од оваа населба и „опремена“ група од Ромското Маало, при што интервенирала полицијата, а неофицијално и единица на специјалните служби. Во пресметката во која биле употребени шипки, секири и други опасни предмети, имало повредени, ни јавуваат очевидци на настанот. Според првични неофицијални информации од жители во овие населби, ситуацијата ескалирала синоќа, во вечерните часови, откако провалник од Ромска националност бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. Самоорганизираните мештани…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Протестот на жителите од трите населби, не е етнички, ни политички …

… велат во денешното известување жителите на Трајаново Трло. Постојат обиди на одредени политичари и поединци од Ромската етничка заедница да му дадат етнички и партиски контекст на вчерашниот протест и тоа преку ширење на говор на омраза и поттикнување на етнички тензии преку социјалните мрежи. За овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежните органи. Би сакале да ја информираме јавноста дека во ниту еден момент вчерашниот или кој било претходен или иден протест на жителите од населбата Трајаново Трло и околните населби, не бил и нема да…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Во Трајаново Трло, како на Дивиот Запад, нема закон

Ние граѓаните на населба Трајаново Трло изразуваме незадоволство поради загрозувањето на нашата животна средина. Во и околу нашата населба постојат 3 големи и од 5 до 10 помали нелегални депонии. Загадени се плодни, шумски земјишта, зелениот појас над населбата, површини блиски до улиците по кои поминуваме секој ден соочени со неподнослива реа, газејќи по растечени фекалии. Факт е дека депониите се создавани со години и прашуваме на што се должи непостапувањето на институциите сево ова време? Органите кои се одговорни за заштита на животната средина должни се да ги спречуваат,…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Езерце среде Пониква, на никој не му пречи (?)

Секој посетител на Пониква може да го забележи малото езерце на патот кој води кон Манастирот Св. Василиј Велики, во близина на Инфо центарот. Оштетувањата на асфалтот се толку големи што возачите се двоумат дали да поминат низ матната вода, бидејќи не знаат што се крие под неа. Поради тоа едни скршнуваат и возат по тротоарот, а други ризикуваат и газат преку водата. Инаку, посетителите велат дека е добро што патот од Кочани до Пониква е идеално рамен и без оштетувања, но во самиот рекреативен центар недоволно е направено, што…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Опасност на патот кон Грдовци

Вечерва добивме информација за дефект на столб за осветлување на една од улиците во градот. Во дописот се вели : -Пред надвозникот во правец од градот кон Грдовци, ударена е првата бандера за улично осветлување, при што истата е искршена, а над патот висат стакло и метална конструкција,кои се држат само на еден електричен кабел. Минувањето под бандерата е опасно, бидејќи искршените стакла и рамки можат во секој момент да паднат врз некое од возилата.

Прочитај повеќе