КОМЕНТАР 

Кој се може да биде градоначалник ? Секој !!!?

ВО ВРЕМЕ КОГА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ОБЈАВЕН, НЕЗАВИСНИОТ Е ИЗВЕСЕН, А НА СДСМ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ, НА ПЕДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ГРАЃАНИТЕ, РАСТРГНАТИ ПОМЕЃУ ТОА ШТО ИМ СЕ НУДИ И ШТО ПОСАКУВААТ, ДО 17 ОКТОМВРИ ТРЕБА ДА ИЗДЕФИНИРААТ  – КАКОВ ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИК БИ БИЛ НАЈПРОДУКТИВЕН. ДОДЕКА НЕЗАВИСНАТА КАНДИДАТКА ВО СКОПЈЕ ВЕЛИ ДЕКА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА СИТЕ ВЕТЕНИ ПРОЕКТИ, ВО КОЧАНИ ПОЛА МАНДАТОТ СЕ ТРОШИ ЗА ДА СЕ „НАУЧИ ЗАНАЕТОТ“. ЗАТОА ДАЛЕКУ ПРЕД КОЧАНИ СЕ ГОЛЕМИОТ ШТИП, АМА И МАЛАТА ВИНИЦА. Промовирајќи се по медиумите, независната…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Поради мирот на градоначалникот, медиумите во беспарица …

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, забарикадиран во членот 102 од законот за АВМУ, три години како ги пушти низ вода локалните медиуми, без да им исплати, додели, донира, било какви средства, оставајќи ги во ситуација пред згаснување. Три години тој им вели на новинарите дека пари за нив се предвидени во Буџетот, тие стојат, ама не знае како да им ги исплати. Помина и едноиполгодишната Ковид криза во која државата помагаше на кого ќе стигне, ама Општина Кочани пак не најде начин и оправданост да направи каков и да…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Времиња – неврамиња: Стратегии …

Кај и да е, Кочани ќе стане олимписки град. Некој побара стручњаци да им изработат Стратегија за спорт – и ја добија. Сега имаме стратегија, ама без пари и чувство за потребите на спортските екипи и спортистите, се ќе остане мртво слово на хартија. Нема ракомет, нема одбојка, нема борење, нема футсал, нема атлетика – ни машки, ни женски. Загрижени спортски работници велат дека парите за изработувачите на стратегијата се напразно фрлени.  Друг побара обука на советниците за урбанистичката проблематика, на сметка на општината, небарем ќе останат таму до крајот…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Зошто градоначалниците „се тепаат“ за втор мандат?

Иако четири години постојано се жалат колку им е тешка градоналаничката функција и дека одвај чекаат да им заврши мандатот, кога ќе дојде време за нови избори, сите до еден (само со различна тактика), „се тепаат“ за уште еден мандат, со најчестото образложение, да ги завршат започнатите проекти. А, всушност, кој еднаш ќе седне на градоначалничката фотеља, сака да остане во неа ако може, и доживотно. Прашањето е – зошто? Првата причина е моќта што ја дава функцијата „прв човек, или татко на градот“ во корелација со сите локални и…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

ПАТУВАЊЕТО КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА НИЗ ОДРОНИ И ОПАСНИ СВИОЦИ

Патувањето со моторно возило низ клисурата на реката Брегалница, од селото Истибање до Македонска Каменица, и понатаму до Делчево, е предизвик со многу опасности од веќе натрупани одрони, но и од надвиснати карпи кои можат во секој момент да се урнисаат на асфалтот. И покрај санацијата на најкритичните места пред две-три години, и поставените потпорни бариери, одроните на неколку места блокираа дел од коловозните ленти. Кога ќе се отстранат, засега никој не кажува, поради што може да се претпостави дека се чека да се доурниса ерозивното земјиште со карпи, па…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Слобода на медиумите на кочански начин

Новинарите во Општина Кочани, но и во државата, и оваа година ниту направија нешто, ниту му се израдуваа на 3. Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, бидејќи во реалноста ги живеат најтешките години од социјален и секаков друг аспект на функционирањето на професијата. Слободата всушност е разнебитена бидејќи системот функционира под мотото „пишувајте што сакате, нас тоа не не засега“, а тоа е полошо дури и од неслободата. Еден вид совршена манипулација со независното и слободното новинарство. Во тој контекст, негативниот пример и искуство од Кочани, поради многу…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Градоначалниче, не е се во асфалтот … ?

Случајот со заборавниот екс-извршен директор на Драмскиот аматерски фестивал, кој со децении традиционално се одржува во Кочани, кој откако се откажал од функцијата, не се сетил да аплицира во Министерството за култура за финансиска поддршка вредна околу 600.000 денари, е сериозен сигнал дека во општината нешто не функционира како што треба. Доколку оваа вест проструеше на национално ниво, срамот ќе беше поголем, но не само за екс-директорот, туку за градот и за неговите први луѓе. Како онаа со набавката на полупрофесионално концертно пијано, за кое вработените во ОМУ „Ристо Јуруков“…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Екс функционерите се освестија, партијата не е се

Ќе ја зафати ли и општина Кочани епидемијата на појавување со сопствени листи за советници на поранешни функционери и нивни истомисленици од СДСМ, како што тоа се случува во општините Охрид, Центар и Куманово, е прашањето кое со подеднаков интерес си го поставуваат и во владејачката коалиција, но и во опозициската. Дотолку повеќе што и дел од политичарите и јавноста гледаат дека поедини советници седат во советничките столчиња само за на крајот од месецот да си го земат советничкиот хонорар од околу 250 евра, без граѓаните да ги слушнат како…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Одложениот протест, и индициите за тензии, не ги решаваат проблемите

Жителите на населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик со писмено соопштение ја информираат јавноста дека закажаниот мирен граѓански протест, кој денеска требаше да се одржи во Градскиот парк во Кочани – се одложува на неопределено време поради индиции за тензии од меѓуетнички размери. Тоа го соопштија тие што во изминатите денови некој побрза, поради само еден непримерен  и по многу нешта испровоциран случај, (за кој нема оправдување), да ги обвини дека се „тепачи на малолетни деца“, иако сите во овој град знаат дека работите не се такви какви што…

Прочитај повеќе