Дожд и ветер – викенд временска прогноза

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. До вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд…

Прочитај повеќе