ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Доста надлежните си ја префрлаат одговорноста, додека граѓаните страдаат

После успешната Еко Акција во Трајаново Трло жителите се соочија со насилство и вандализам од организирани Криминални Групи Ја известуваме јавноста дека на 11 Април 2021 година ние жителите на населбата Трајаново Трло во мултиетнички состав, како репрезент на соживотот во населбата, организиравме еко акција на која беа исчистени две зелени површини и голема количина на смет беше однесена на Градската депонија. За жал после успешната акција,  се соочивме со неколку кражби и разбојништва во истиот тој ден а во два случаи разбојниците беа фатени на лице место. По ова,…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Оризарска Река побелена-загадувачот ќе се бара

Претставници на стручните служби од општината и градоначалникот Николчо Илијев денеска извршиле увид на Оризарска Река, откако било пријавено загадување на водата, што можело да се констатира од сменетата боја. Бидејќи не се знае од каков вид е загадувањето, ќе биде побарано од државниот инспекторат за животна средина да се испитаат евентуалните хемикалии и предизвиканата штета, а против загадувачите да биде покрената соодветна постапка. Од можни последици од загадувањето стравуваат и земјоделските производители кои располагаат со земјоделско земјиште од двете страни на Оризарска Река, од чии води деновиве се очекува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

НЛБ Банка донираше девет компјутери за ученици во социјален ризик

Општина Кочани денеска ја прими донацијата од НЛБ Банка – девет компјутери,лаптопи со ранци, коишто ќе бидат наменети за ученици од кочанските училишта. На средбата со претставниците на раководниот тим на кочанската филијала на НЛБ, градоначалникот Николчо Илијев се заблагодари за поддршката во реализацијата на наставниот процес во услови на пандемија. Советот на Општина Кочани на идната седница ќе донесе одлука за распределување на компјутерите според потребите на учениците, во согласност со техничките карактеристики на донираните електронски уреди. Донацијата ево вредност од 268.380 денари.

Прочитај повеќе