ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Протест поради криминалот и разбојништвата

Жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утре излегуваат на мирен протест во Градскиот парк во Кочани поради високата стапка на криминал и разбојништва во Кочани, изразени во последно време. Во известувањето до граѓаните на Кочани се вели: „Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека на 16.04.2021 година (петок) со почеток од 15:30 часот во Градскиот парк во Кочани ќе биде одржан мирен протест поради високата стапка на криминал и разбојништва во населбите Трјаново Трло, Усова чешма и Шатровик. Ве повикуваме на мирен начин да го искажеме нашиот револт…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

До 3,5 милиони денари субвенции за комбајн

ЗА НАБАВКА НА КОМБАЈН СО СЕЧКАЛКА ДО 50 ПРОЦЕНТИ ОД ВРЕДНОСТА, ИЛИ 3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ЌЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗЕМЈОДЕЛЦИ КОИ ИМААТ НАЈМАЛКУ ЕДЕН ХЕКТАР ПОД ОРИЗ. ТОА Е НАЈНОВАТА МЕРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, СО КОЈА СЕ ПРЕДВИДУВА ОБНОВУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА, ПОКВАЛИТЕТНА ЖЕТВА И ТРЕТИРАЊЕ НА СЛАМАТА. ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ УСЛОВИТЕ ЌЕ СКЛУЧАТ ДОГОВОРИ СО АГЕНЦИЈАТА, ПО ШТО ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ НАБАВАТ И КОМБАЈНИТЕ Субвенционија до 50 %, за набавка на комбајни со сечкалка за слама, за земјоделците со над еден хектар оризови…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Започна наводнителната сезона

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ПОЛЕТО „С,ЗЛК“ ДЕНЕСКА ГИ НАПОЛНИЈА НИВИТЕ СО ВОДА ЗАФАТЕНА ОД КОЧАНСКА РЕКА, ОЗНАЧУВАЈЌИ ИСТОВРЕМЕНО ПОЧЕТОК НА НАВОДНИТЕЛНАТА И СЕИДБЕНАТА СЕЗОНА. ОД ВОДОСТОПАНСТВО БРЕГАЛНИЦА НАЈАВУВААТ ОПТИМАЛНИ КОЛИЧИНИ ВОДА И КВАЛИТЕТНО НАВОДНУВАЊЕ ЗА УСПЕШНА ПРОИЗВОДСТВЕНА СЕЗОНА. ПОВРШИНИТЕ ПОД ОРИЗ ПРОЛЕТВА ЗГОЛЕМЕНИ ВО ОДНОС НА ЛАНСКИТЕ. КАНАЛИТЕ И ВАДИТЕ СЕУШТЕ СЕ ЧИСТАТ, НО ВОДА ЌЕ ДОБИЈАТ СИТЕ НА ВРЕМЕ. Со зафаќање на водата од Кочанска Река и пуштањето во полињата заради полнење на нивите, денеска практично започна овогодишната наводнувачка сезона. Први вода добија земјоделците во место викано „с,злк“, каде агротехнички подготвените…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Изгоре куќа во центарот на градот

Две противпожарни возила, пожарникари и граѓани, речиси еден час се бореа со огнената стихија, која избувна во семејна куќа на Улицата Д-р Николиќ во центарот на градот. Густа чад од куќата започна да се шири околу 18,30 часот, за набрзо огнените јазици да се рашират во целиот објект и под кровот. Брзата интервенција на противпожарната служба спречи пожарот да се прошири, посебно имајќи во предвид дека се работи за густо населена улица, каде куќите практично се залепени една до друга. Некаде околу 19,30 часот пожарот целосно е изгаснат. Според првичните…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Разбојништвата во Усова чешма, Трајаново трло и Шатровиќ продолжуваат со уште посилен интензитет

По неодамнешните немили настани кога добро организирана криминална група дивееше низ населбата Трајаново Трло сакаме да ја известиме јавноста дека разбојништвата продолжија и денес. Во сред бел ден, на лице место, беа затечени малолетни разбојници кои провалија во куќа во нашата населба и беа фатени од сопственикот којшто во тој момент се наоѓал во својата куќа. Беше повикана полиција и се очекува да се огласат надлежните за мерките кои се преземани. После само неколку часа, во населбата Трајаново Трло исто така се фатени тројца малолетни разбојници од страна на сопственикот…

Прочитај повеќе