Нови клупи покрај кејот на Кочанска Река
Изведувачот ги почна работите покрај „Кејот на Револуцијата“, со поставување на бетонските подлоги за 22 клупи. Клупите се долги 2 метра и се комбинација од дрво и метал. На потегот од Градскиот плоштад до Пракот на Револуцијата ќе бидат поставени и исто толку канти за отпадоци. Новите парковски клупи и дизајнираните канти ќе ја заменат постојната урбана опрема којашто е оштетена, а избраниот изведувач „Политехна“ ќе има задача на одредени локации да ги среди местата каде што ќе се постави опремата. Рокот за замена на урбаната опрема е два месеца.…
Прочитај повеќе