ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 26 и 27 мај – прскање против комарци во Кочанско

На 26 и 27 мај (среда и четврток) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани ќе се спроведе превентивно терестичко, односно прскање од земјаза заштита од комарци. Ова е првата фаза од дезинсекцијата со која ќе бидат опфатени 300 хектари  од градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. За третманот против комарците ќе се користи широко спектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ДАФ ќе го преживее и 58-то издание

Од 21 до 25 мај, Кочани по 45. пат ќе биде домаќин на Драмскиот аматерски фестивал. На локации на отворено, со скратена програма и со финансирање од Општина Кочани, ќе се одржи 58. издание на Драмскиот аматерски фестивал. Кочани ја негува оваа републичка културна манифестација од 1977 година. Поради генерациската смена беше доведено во прашање нејзиното финансирање, но во ниеден момент не беше дискутабилно нејзиното одржување. Годинава Локалната самоуправа целосно ќе го финансира Драмскиот аматерски фестивал, кој на Кочани му дава значајно место во македонската театарска дејност и драмска уметност…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Дуќаните на „Се издава“

АКО КОЧАНИ НЕКОГАШ ВАЖЕШЕ ЗА ТРГОВСКИ ГРАД ВО КОЈ МУШТЕРИИ ДОАЃАА ОД ПОИСТОЧНИТЕ ОПШТИНИ, НО И ОД ПРОБИШТИП, СВЕТИ НИКОЛЕ И ДРУГИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА, СЕГА СЕ ЗАТВОРААТ СЕ ПОВЕЌЕ ДУЌАНИ. ПРОМЕТОТ Е ТОЛКУ ПАДНАТ ШТО ПРАЗНИ ОСТАНАА ДУЌАНИ НА НАЈАТРАКТИВНИТЕ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ, НА КОИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ СТОИ „СЕ ИЗДАВА“. Се поголем е бројот на дуќани во централното градско подрачје на чии излози стои „се издава“. Празни трговски објекти стојат и на главните улици, за кои некогаш беше невозможно да се изнајмат. Какви што се примерите со улицата…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

„Малтретирачите„ со кривични, крадецот на крадење …

НЕ ПОМИНА МНОГУ ВРЕМЕ А МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ ГИ КРЕНА НА НОЗЕ РОМИТЕ ВО РОМСКОТО МААЛО И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ОТКАКО БЕШЕ ФАТЕН КАКО КРАДЕ И ПОДОЦНА „МАЛТРЕТИРАН„ ОД ГРАЃАНИТЕ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО, ПОВТОРНО Е ФАТЕН НА КРАДЕЊЕ, НО ВО ШТИП. КАМЕРИТЕ ПОТВРДИЛЕ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОТО МОМЧЕ, КОЕ ОД ДОМОТ НА ШТИПЈАНКАТА СОБРАЛО СЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СОБЕРЕ. Бурните  реакции во јавноста што ги предизвика„ малтретираниот„ малолетен Ром од Ромското Маало во Кочани, кој беше фатен како краде во двор во Трајаново Трло, а чиј татко подоцна се…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Оризот посеан 10 дена порано

СЕИДБЕНАТА КАМПАЊА ПРОЛЕТВА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ЗА ДЕСЕТИНА ДЕНА ПОРАНО ОД ВООБИЧАЕНО, ШТО Е ОДЛИЧЕН ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА ВЕГЕТАЦИЈА И ПОРАНА ЖЕТВА НАЕСЕН. ЕФИКАСНОСТА ВО СЕИДБАТА СЕ ДОЛЖИ НА НАВРЕМЕНИТЕ ПОДГОТОВКИ И ОПТИМАЛНИТЕ КОЛИЧИНИ ВОДА КОИ СЕ ДИСТРИБУИРААТ ДО ВОДОКОРИСНИЦИТЕ. За дури десетина дена порано од лани целосно ќе се реализира сеидбата на оризот во производствениот регион планирана на 4.200 хектари. Брзата и ефикасна сеидба ја овозможи квалитетното наводнување од Хидросистемот Брегалница, и навремената подготвеност на вадите, деталната, главната и магистралната каналска мрежа, кои овозможија дистрибуција на вода до сите…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ТППЕ Кочани подготвува показна вежба со специјалното возило за интервенции на височини

По повод 20 Мај, Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица – Кочани ќе изведе тактичко-показна вежба во која ќе го користи специјалното возило за интервенции на големи височини. Вежбата ќе се изведе в четврток од 8:30 до 9:30 ч., на станбената зграда од Трговскиот центар блок Б, на улицата „Маршал Тито“, кај малиот паркинг. Заинтересираните граѓани можат да ја следат показната вежба на кочанските пожарникари.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Состојбата со коронавирусот во Кочани се стабилизира…

Во модуларната болница во Кочани моментално се хоспиталиирани 8 пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка, а слободни кревети за позитивни пациенти на ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување има 25, информираше директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, др. Александар Серафимов. Серафимов додаде дека е во тек и вакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани , а денеска се очекува да пристигнат вакцини од Астра Зенека. Сите пријавени граѓани навреме ќе бидат известени за терминот за кога им е закажана вакцината. Инаку во Кочани како и…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Започнаа уписите на првооделенците во основните училишта

 Од денеска официјално започнаа уписите на првооделенците во основните училишта во Кочани. По претходна подготовка од страна на училишните служби и со почитување на сите протоколи за заштита од ковид 19, донесени од страна на МОН, денеска новите ученици заедно со родителите ги донесоа сите потребни документи за упис во прво одделение. Во ОУ Малина Попиванова според официјалниот список од МВР , оваа учебна година се очекува да се запишат 84 првооделенци за што училишните служби уредно ги испратија поканите до родителите. Инаку од оваа година родителите имаат можност за…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Утре пред општинската зграда протест против дигиталните учебници

За утре во 12 часот е закажан протестот кој се организира на ниво на цела држава а е против дигитални учебници под мотото „Учебници и настава МОРА ДА ИМА!. Организатори на протестот се група родители кој се на социјалните мрежи ја започнаа борбата против реформите во образованието . Во Кочани протестот ќе се одржи пред општинската зграда, а организаторите ги повикаа сите родители масовно да излезат и да ја дадат својата поддршка. Иницијативата предводена од група родители започна пред неполн месец, откако од Министерството за образование и наука ги објавија…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Комарците почнаа да касаат, ќе прска кој кога ќе стигне

ИАКО ИМААТ ПРИМЕР КАЈ КОЛЕГИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ И ОВАА ГОДИНА СЕКОЈ САМ ЌЕ СИ ГО ОРГАНИЗИРА ТРЕТИРАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ, ШТО ПРЕДИЗВИКУВА КОМИЧНА СИТУАЦИЈА ВО ЈАВНОСТА. ФРЛАЊЕ ПАРИ И ПРСКАЊЕ ЗАРАДИ ФОРМАЛНА ОБВРСКА, КОМЕНТИРААТ ГРАЃАНИТЕ. Тоа што за градоначалниците од источниот дел на државата е невозможно, за нивните колеги од југоисточниот е изводливо. Имено, десет општини од југоистокот, меѓу кои Струмица, Гевгелија, Радовиш, Дојран Валандово, Ново Село, Босилево и други, се договориле организирано да го извршат второто прскање против комарци и тоа во два едноподруго дена…

Прочитај повеќе