ОПШТИНА КОЧАНИ 

Жителите на Драчевик против трета ламела во населбата !???

Актуелности.мк дознава дека деновиве жители од населбата Драчевик, особено тие што гравитираат околу популарната Социјална зграда, потпишувале петиција за да организираат протест против изградбата на трета ламела за колективно домување наменета за лица и семејства од социјален ризик, зад која веќе стојат над 160 потписници. Причината е што во тие и такви објекти се вселуваат и лица кои се познати како проблематични и им го нарушуваат јавниот ред и мир на граѓаните. Впрочем, искуствата на Драчевичани со поедини станари од веќе изградените и вселени ламели, уништувањето на опремата на детското…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

Градоначалниче, не е се во асфалтот … ?

Случајот со заборавниот екс-извршен директор на Драмскиот аматерски фестивал, кој со децении традиционално се одржува во Кочани, кој откако се откажал од функцијата, не се сетил да аплицира во Министерството за култура за финансиска поддршка вредна околу 600.000 денари, е сериозен сигнал дека во општината нешто не функционира како што треба. Доколку оваа вест проструеше на национално ниво, срамот ќе беше поголем, но не само за екс-директорот, туку за градот и за неговите први луѓе. Како онаа со набавката на полупрофесионално концертно пијано, за кое вработените во ОМУ „Ристо Јуруков“…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кружните текови – решение или комплицирање на сообраќајот, моторен и пешачки.

Кочани до крајот на мандатот на актуелниот градоначалник ќе се претвори во град на кружни текови, бидејќи како што се одвиваат активностите, ќе нема крстосница во потесното градско подрачје на која нема да се вози кружно. Како сето тоа ќе се одрази врз функционирањето на сообраќајот, сеуште е тешко да се каже. Особено поради одсуството на валидни објаснувања од страна на стручњаци од сферата на сообраќајот, кои детално би и објасниле на јавноста што се добива со кружното возење. Потребата од адекватна анализа на одвивањето на сообраќајот, како на возилата,…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Утре , отворен ден за идните средношколци

Во СОУ Љупчо Сантов утре ке се одржи отворен ден за идните средношколци на кој ке бидат презентирани начинот , условите и профилите кои ги нуди кочанската гимназија. На настанот е најавено и присуство на министерката за образование и наука Мила Царовска која ќе ги посети двете средни училишта во Кочани. Во СОУ Љупчо Сантов, покрај постоечките две струки, гимназиско образование и економски од наредната учебна година идните средношколци ќе имаат можност да се запишат и на профилите бизнис администратор и хемиско-лаборантски техничар кои се дел од новиот концепт на…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Во понеделник започнуваат уписите на првооделенците во основните училишта

За наредната учебна 2021/22 година ќе се запишат 412 првачиња, според официјалниот список од МВР. Уписите започнуваат во понеделник а сите родители ќе добијат покана за терминот и денот кога да ги запишат децата. По пристигнувањето на официјалниот список, денеска во ОУ Раде Кратовче се одржа работен состанок на директорите на основните училишта и градоначалникот Николчо Илијев на кој главна тема беше уписот на првооделенците. Лилјана Арсова, советник за образование во Општина Кочани изјави дека радува податокот што оваа година има поголем број на првооделенци во споредба со претходната. Бидејки…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Верувале или не, екс-директорот заборавил да аплицира за пари, за даф 2021 !!?

ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА ДАФ ГОДИНАВА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВРЕДНА НАД 600.000 ДЕНАРИ, ШТО ВООБИЧАЕНО ГИ ИЗДВОЈУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА. ЕКС-ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР БЛАГОЈ ПЕНОВ, ЗАБОРАВИЛ ДА АПЛИЦИРА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КУЛТУРЕН НАСТАН ВО ГРАДОТ, ЗА 2021 ГОД. Годинава Драмскиот аматерски фестивал ќе остане без финансиската поддршка од Министерството за култура бидејќи, како што истакна актуелниот извршен директор Дарко Спасов, неговиот претходник и до пензионирање претседател Благој Пенов, заборавил да аплицира за организацијата на истиот за 2021 година. Со тоа, најстарата, најрепрезентативна и најмасовна културна манифестација која традиционално се…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

На чиј грб давачките за работа во недела ?

Излегувањата во ресторани заради дружење и специјалитети, иако и сега е, за некоја година ќе биде вистински луксуз и неостварлива желба на обичниот граѓанин. Цените во угостителската дејност од година во година бележат се поголем раст, па за оние со поплиток џеб стануваат недостижни. Ако кон таквите движења се додадат и новите законски решенија со наметнување давачки за угостителите кои ќе работат во недела, станува јасно дека цената на крајот повторно ќе ја платат граѓаните. Предлогот на Владата неделата да остане да биде работен ден со тоа што угостителите ќе…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Светски феномени – родила девет бебиња

Дури девет бебиња од една бременост родила млада жена од државата Мали, што е своевиден феномен кој ретко се случува во светски рамки. Во нејзиниот случај погрешил и ултра звукот, кој открил дека носи седум бебиња, но при породувањето се појавиле уште две. За нејзиното породување се погрижиле медицинските стручњаци во Марокот, каде поради подобрите услови и нега била префрлена,  а трошоците ги покрила владата на малата држава. Сега веќе светски познатата Халима Цисе на свет донела пет девојчиња и четири момчиња и сите се здрави и живи. Сега преостанува…

Прочитај повеќе