ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Земјоделци од Мојанци се жалат на наводнувањето

Проблеми за земјоделците на почетокот на наводнителната сезона и сеидбата на оризот во атарот на селата Мојанци и Горни и Долни Подлог,, кои се жалат на неисчистени земјени и други канали, како и на необезбедувањето материјали од Водостопанство Брегалница за поставување таканаречени буки за зафаќање и премостување на водата но нивите. Таквата ситуација ги забавува полнењето на нивите со вода и самата сеидба, што предизвикува нервоза кај производителите, кои брзаат да ги фатат оптималните рокови. Тие истакнуваат дека за цело поле бил ангажиран само еден водар и тоа неосигурен, кој…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Кој е одговорен што ДАФ две години е без поддршка од Министерството за култура ?

Нелогични, па дури и чудни работи во последните година-две се случуваат околу Драмскиот аматерски фестивал, кои делуваат збунувачки за јавнста, но и за советниците во Советот на општината и за првите луѓе во градот. Според објаснувањето на актуелниот извршен директор Дарко Спасов, за организацијата и одржувањето на ланскиот ДАФ во вонредниот термин во октомври 2020 година, од Министерството за култура не се добиени очекуваните средства, затоа што биле побарани по одржувањето на истиот. Одтука, сами по себе се наметнуваат неколку логични прашања. Прво, дали организаторите на ДАФ, останале должни поради…

Прочитај повеќе