ОПШТИНА КОЧАНИ 

ТППЕ Кочани подготвува показна вежба со специјалното возило за интервенции на височини

По повод 20 Мај, Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица – Кочани ќе изведе тактичко-показна вежба во која ќе го користи специјалното возило за интервенции на големи височини. Вежбата ќе се изведе в четврток од 8:30 до 9:30 ч., на станбената зграда од Трговскиот центар блок Б, на улицата „Маршал Тито“, кај малиот паркинг. Заинтересираните граѓани можат да ја следат показната вежба на кочанските пожарникари.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Состојбата со коронавирусот во Кочани се стабилизира…

Во модуларната болница во Кочани моментално се хоспиталиирани 8 пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка, а слободни кревети за позитивни пациенти на ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување има 25, информираше директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, др. Александар Серафимов. Серафимов додаде дека е во тек и вакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани , а денеска се очекува да пристигнат вакцини од Астра Зенека. Сите пријавени граѓани навреме ќе бидат известени за терминот за кога им е закажана вакцината. Инаку во Кочани како и…

Прочитај повеќе