ДАФ ќе го преживее и 58-то издание

Од 21 до 25 мај, Кочани по 45. пат ќе биде домаќин на Драмскиот аматерски фестивал. На локации на отворено, со скратена програма и со финансирање од Општина Кочани, ќе се одржи 58. издание на Драмскиот аматерски фестивал. Кочани ја негува оваа републичка културна манифестација од 1977 година. Поради генерациската смена беше доведено во прашање нејзиното финансирање, но во ниеден момент не беше дискутабилно нејзиното одржување. Годинава Локалната самоуправа целосно ќе го финансира Драмскиот аматерски фестивал, кој на Кочани му дава значајно место во македонската театарска дејност и драмска уметност…

Прочитај повеќе