ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Повик за протест

На 26.05. 2021 година, среда, со почеток во 18.00 часот на плоштадот пред општинската зграда ќе се одржи мирен граѓански протест со цел засегнатите родители, наставници и други граѓани да го искажат своето незадоволство против Нацрт-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.  Иницијативен одбор на граѓанската иницијатива УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Проекција на „Кралот“ – документарен филм за музичарот од светски ранг Наат Велиов

В среда, 26 мај 2021 година, со почеток во 18:30 ч. на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде прикажан филмот „Кралот“ (The King), посветен на светски познатиот музичар од Кочани, Наат Велиов. Документарниот филм е дело на француската продуцентска куќа „Лумина“, работенпосценарионаМишел Гуриери и Мари Наполи.Авторите го претставуваат Велиов  како композитор и крал на ромската труба, кој ја наследил својата круна од долгата низа ромски музичари од Балканот. За неговата виртуозност напишале: „Со врвовите на прстите и со клиповите на неговата труба, тој меша…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 26 и 27 мај – прскање против комарци во Кочанско

На 26 и 27 мај (среда и четврток) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани ќе се спроведе превентивно терестичко, односно прскање од земјаза заштита од комарци. Ова е првата фаза од дезинсекцијата со која ќе бидат опфатени 300 хектари  од градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. За третманот против комарците ќе се користи широко спектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време…

Прочитај повеќе