ЕКОЛОГИЈА 

Ќе ја одбранат ли кочанци Мала Река од олигарсите?

Помеѓу твитовите на Тајм, објавени денеска стои и тој на META.mk@meta_agency, kаде стои дека „Според активистот Садик Абдирахими, хидроцентралите ги градат олигарси поврзани со владејачките партии. Тој вели дека многу реки на #Шара се уништени со оваа изградба. Ваквата изјава на овој активист може да претставува сериозен аларм и за локалните фактори да ги активираат сите механизами за да се спречи изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река, бидејќи сите искуства и стручњаците од оваа сфера, велат дека таквите енергетски капацитети се со мал финансиски ефект, но со голем еколошки…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дали телевизиите доброволно им слугуваат на градоначалникот и општината, или …?

ДАЛИ КОЧАНСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ДОБРОВОЛНО ИМ СЛУГУВААТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ОПШТИНАТА БЕСПЛАТНО, ИЛИ ВО ПРАШАЊЕ Е СПЛЕТ И НА ДРУГИ ИНТЕРЕСИ. ДО КОГА ЗАКОНИТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ДОПУШТА ВО И ОКОЛУ ОПШТИНАТА ДА МУ ЦАРУВА СУДИР НА ИНТЕРЕСИ? ДАЛИ ТРАНСПАРЕНТНОСТА ШТО ПРЕКУ ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ, БЕСПЛАТНО И ДОЗИРАНО ИМ ЈА ПЛАСИРА НА ГРАЃАНИТЕ, ЌЕ ЈА ПОСТИГНЕ ЦЕЛТА ? Двете локални телевизии и денеска ја снимаа седницата на Советот на Општината, и (ќе) ја емитуваат во рамките на својата програма. Советниците, кој помалу, кој повеќе, дебатираа, одбројувајќи ги последните часови или минути во советничките…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Вработувањата во училиштата за 2022 г. пред советниците

На дневниот ред на утрешната 59 седница, советот на Општина Кочани се поместени вкупно девет точки за кои ќе расправаат советниците. Седницата ќе започне со Предлог- планот за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година, по што следуваат Годишните планови за вработување во 2022 година на СОУ „Љупчо Сантов“, на ООУ „Малина Попиванова“- Кочани за 2022 година, на ООУ „Крсте Петков Мисирков“- с. Оризари, и на ООМУ „Ристо Јуруков“. Се очекува советниците да ја изгласаат и Предлог – одлуката за продолжување на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Културно лето со концерти, изложби, промоции …

Од 30 јуни до Петровден, публиката ќе има можност да проследи 14 литературни, филмски, ликовни и музичко-сценски содржини за различни генерации и вкусови, во рамките на Кочанско културно лето. Културната програма ќе започне со Фестивалот на култура, традиции и обичаи, којшто претставува дел од проектот „Нашето заедничко минато, патека за заедничка иднина“, финансиран од ЕУ, а реализиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, проект со кој во Кочани е реконструиран Мултикултурниот центар. В среда, во вечерните часови, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“  ќе…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Прекин во водоснабдувањето во високата зона во Кочани

Поради дефект на главната водоводна линија, делови од високата зона ќе останат без вода од Градскиот водовод. Прекин во водоснабдувањето до 12 ч. ќе имаат корисниците од населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и во Оризари.   КЈП „Водовод“ се извинува за прекинот и повикува на разбирање од потрошувачите на вода за пиење.

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Илиев „го покори“ и „Калиманци“

НЕВЕРОЈАТНИОТ БОШКО ИЛИЕВ ОД КАВАДАРЦИ ВИКЕНДОВ ГО ПРЕПЛИВА 7 КИЛОМЕТРИ ДОЛГОТО ЕЗЕРО „КАЛИМАНЦИ“ И Е СЕ ПОБЛИЗУ ДО ЦЕЛТА ДА ГИ ПРЕПЛУВА СИТЕ ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО ДРЖАВАТА. МАРАТОНЕЦОТ ПОТСЕТУВА ДЕКА ОВИЕ БОГАТСТВА ВООПШТО НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ ОД РЕКРЕАТИВНО-ТУРИСТИЧКИ АСПЕКТ По сончево и топло време, за околу 3 часа пливање, вчера кавадарецот Бошко Илиев го покори и едум километри долгото вештачко езеро Калиманци, кај Македонска Каменица Докторот по спортска медицина претходно ги препливал поголем дел од македонските природни и вештачки езера, по што е единсвен во државата. Маратонот на Калиманско езеро му е…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Касарната остана, дваесетте куќи заборавени ?

Протестите од пред два месеца, на жителите од трите населби кои гравитираат кон локацијата каде требаше да се изградат дватесетте типски куќи за да се реши проблемот со старата касарна, ја блокираа реализацијата на овој проект за кој се залагаше градоначалникот Николчо Илијев. Нивните аргументи беа дека ќе се уништи зелениот појас и зголемени трошоци за другата инфраструктура. Но примарниот проблем секако е доселувањето на стотина жители од сите возрасти, од кои дел се проблематични поради многу негативни појави кои и сега се случуваат во и околу касарната и пошироко.…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Место коли-тротинети, место трактори-запреги

КОГА ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ТРГНАА НА ПАТ КОН ЕУ НЕ НИ СОНУВАА ДЕКА ВО ИМЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА ОД АВТОМОБИЛИ ЌЕ МОРА ДА СЕ ВРАТАТ НА ТОЧОЦИ, А ОД ТРАКТОРИ И КОМБАЈНИ НА ЗАПРЕГИ. ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЛИ ПОСКАПУВАЊЕТО НА НАФТАТА ЦЕНОВНА ЕКСПЛОЗИЈА КАЈ ПРЕХРАМБЕНИТЕ ПРОДУКТИ И СИЛЕН УДАР ВРЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ Ќе ги вратат ли оризопроизводителите коњите и воловите да ги влечат плуговите и ралата во оризните ниви, за да се спасат од најавеното ново поскапување на нафтените деривати по основ на еколошката такса од 3,5 денари за литар. Истовремено,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Времен режим на сообраќај на „Тодосија Паунов“

В сабота, на 26 јуни 2021 г., поради асфалтирање на кружниот тек кај Автобуската станица Кочани, ќе се применува времен режим во сообраќајот. Заради непречено извршување на градежните работи, се повикуваат сите учесници во сообраќајот, посебно транспортните превозници, во периодот од 9 до 16 ч. да ги пренасочат своите движења во други правци. Поради градежени работи, од понеделник, 28 јуни 2021 г. се воведува времен режим на сообраќајот на булеварот „Тодосија Паунов“. Сообраќајниот режим се менува поради рехабилитација на левиот крак на „Тодосија Паунов“, на потегот од кружниот тек кај…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Форумска сесија од проектот„Зајакнување на општинските совети„

Општина Кочани ги поканува сите граѓаните да учествуваат на проектен форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани. Петтата форумска сесија ќе се одржи на ден 29.06.2021 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, во Кочани. На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проектот и останатите…

Прочитај повеќе