ПАТУВАЊЕТО КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА НИЗ ОДРОНИ И ОПАСНИ СВИОЦИ
Патувањето со моторно возило низ клисурата на реката Брегалница, од селото Истибање до Македонска Каменица, и понатаму до Делчево, е предизвик со многу опасности од веќе натрупани одрони, но и од надвиснати карпи кои можат во секој момент да се урнисаат на асфалтот. И покрај санацијата на најкритичните места пред две-три години, и поставените потпорни бариери, одроните на неколку места блокираа дел од коловозните ленти. Кога ќе се отстранат, засега никој не кажува, поради што може да се претпостави дека се чека да се доурниса ерозивното земјиште со карпи, па…
Прочитај повеќе