ОПШТИНА КОЧАНИ 

Штедливо со водата за да нема рестрикции

Поради  зголемените дневни температури и енормната потрошувачка на водата за пиење, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ упатува апел за рационално користење на овој ресурс. Службите повикуваат водата да се користи за лични потреби, а не и за полевање градини. Нерационалното трошење на водата за пиење ќе биде причина за воведување рестриктивни мерки. КЈП „Водовод“ им благодари на разбирањето и поддршката на корисниците на водата од градскиот водовод.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

И пчелите ќе плаќаат данок

Предлог законот за пасишта во членот 23, предвидува пчеларите да плаќаат за напасување пчели на државни пасишта. Таквата законска регулатива предизвика бура од реакции во јавноста, која на социјалните мрежи дури запраша дали можеби полицијата ќе апси пчели по ливадите. Инаку, напасувањето на пчели се плаќа и сега, само што тоа не е уредено во закон, туку во подзаконски акт. Во предлогот законот стои дека земјоделските стопанства кои спроведуваат колективно напасување „плаќаат колективна пашарина во висина од 0,3% од просечна нето плата исплатена за минатата година во Република Северна Македонија…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Изборите за градоначалници и советници најверојатно на 17 октомври

На крајот на јули или на почетокот на август ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври, најави претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери. Тој претпостави дека точниот датум би можел да биде на 17 октомври, иако тоа би значело мало преклопување на предизборната кампања со пописот, чиј финиш е заклучно со 30 септември.   Иако до стартот на изборната кампа има речиси четири месеци, партиските штабови веќе го активираа членството и активистите, кои се подготвуваат за работа на терен и „обработка“…

Прочитај повеќе