ОПШТИНА КОЧАНИ 

Вработувањата во училиштата за 2022 г. пред советниците

На дневниот ред на утрешната 59 седница, советот на Општина Кочани се поместени вкупно девет точки за кои ќе расправаат советниците. Седницата ќе започне со Предлог- планот за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година, по што следуваат Годишните планови за вработување во 2022 година на СОУ „Љупчо Сантов“, на ООУ „Малина Попиванова“- Кочани за 2022 година, на ООУ „Крсте Петков Мисирков“- с. Оризари, и на ООМУ „Ристо Јуруков“. Се очекува советниците да ја изгласаат и Предлог – одлуката за продолжување на…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Културно лето со концерти, изложби, промоции …

Од 30 јуни до Петровден, публиката ќе има можност да проследи 14 литературни, филмски, ликовни и музичко-сценски содржини за различни генерации и вкусови, во рамките на Кочанско културно лето. Културната програма ќе започне со Фестивалот на култура, традиции и обичаи, којшто претставува дел од проектот „Нашето заедничко минато, патека за заедничка иднина“, финансиран од ЕУ, а реализиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, проект со кој во Кочани е реконструиран Мултикултурниот центар. В среда, во вечерните часови, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“  ќе…

Прочитај повеќе
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Прекин во водоснабдувањето во високата зона во Кочани

Поради дефект на главната водоводна линија, делови од високата зона ќе останат без вода од Градскиот водовод. Прекин во водоснабдувањето до 12 ч. ќе имаат корисниците од населбите Трајаново Трло, Усова Чешма и во Оризари.   КЈП „Водовод“ се извинува за прекинот и повикува на разбирање од потрошувачите на вода за пиење.

Прочитај повеќе