КОМЕНТАР 

Времиња – неврамиња: Стратегии …

Кај и да е, Кочани ќе стане олимписки град. Некој побара стручњаци да им изработат Стратегија за спорт – и ја добија. Сега имаме стратегија, ама без пари и чувство за потребите на спортските екипи и спортистите, се ќе остане мртво слово на хартија. Нема ракомет, нема одбојка, нема борење, нема футсал, нема атлетика – ни машки, ни женски. Загрижени спортски работници велат дека парите за изработувачите на стратегијата се напразно фрлени.  Друг побара обука на советниците за урбанистичката проблематика, на сметка на општината, небарем ќе останат таму до крајот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дали битолскиот „рецепт“ е поефикасен од кочанскиот ?

ВО БИТОЛА И ПЕЛАГОНИЈА НЕМА ОРИЗОВИ ПОЛИЊА, АМА БИТОЛЧАНИ СО ПЕТДНЕВНО ЗАПРАШУВАЊЕ ВО ВЕЧЕРНИТЕ И НОЌНИТЕ ЧАСОВИ ДУРИ ПЕТ ДЕНА ЕДНОПОДУГО СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ. КАЈ НАС СЕ Е ПО СТАРО, НЕКООРДИНИРАНО И НА КРАЈ НЕЕФИКАСНО. Дали битолчани нашле подобар начин да се справат со комарците, ќе треба да дознаат надлежните служби во Општина Кочани, со евентуална размена на искуства за оваа проблематика. Решиси баналната шема со повремено прскање од воздух и од земја, која со децении се применува во нашиот град, одамна предизвикува сомнежи кај граѓаните околу ефикасноста. Особено…

Прочитај повеќе