ПОЛИТИКА 

Љупчо Папазов е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Општина Кочани

НЕОФИЦИЈАЛНО, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОПРЕДЕЛИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ДА БИДЕ ЉУПЧО ПАПАЗОВ, КОЈ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ТРЧА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ДОЗНАВА АКТУЕЛНОСТИ.МК ОД ПАРТИСКИ ИЗВОРИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО. ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ, МЕЃУ КОИ И ЗА КОЧАНИ, ЌЕ ГО ИЗВРШИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ, НА 15. АВГУСТ. Актуелности.мк денеска од извори од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, дознава дека партијата довербата за претстојните локални избори за градоначалник, ќе му ја даде на кандидатот Љупчо Папазов. Неколкуте анкети спроведени меѓу граѓаните во Општина Кочани, во изминатиот…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Нов пожар во боровите насади над градот

Денеска, нешто по 16 часот повторно се појави црна и густа чад од ридовите кон Градче, каде избувнал пожар во кој гори главно сува трева. Огнените чазици имаат зафатено и дел од боровата шума, што пожарот го прави уште попроблематичен за гаснење. И во моментот од конкретната локација се шири густа чад, што значи дека борбата со огнената стихија сеуште не е добиена. Напротив, пожарот се шири по ридовите кон Браната „Градче“, се спушта кон патот и многубројните објекти во клисурата на Кочанска Река, како и кон Филтер станицата. Штотуку…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ИРИ го фали, некој тука го брука

Вечерва повторно профункционира релацијата на тесни интересни, градоначалник – службеничка за односи со јавноста – уредник на Канал 8. Имено, во 18 часот гледачите на осмицата беа изненадени кога ја проследија информацијата за Извештајот на ИРИ, веројатно добиена од службеничката на Општина Кочани, за највисоките оценки на градоначалникот. Изненадени затоа што оваа бомбастична информација не беше објавена во другите локални медиуми. Меѓутоа, четири часа подоцна, во 22,11 часот, на мејлот на ТВ Кочани пристигна истата информација, испратена токму од лицето за односи со јавноста вработено во Општина Кочани, кое плата…

Прочитај повеќе