ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во градот „врие“, улиците „под режим“

Хаотична е состојбата со одвивањето на сообраќајот во ценралното градско подрачје деновиве, каде веќе не се знае кој сообраќаен режим функционира, која улица е проодна, и плус на сето тоа комплицираните кружни текови кои ги збунуваат и најшетаните возачи низ земјата и Светот. Гастарбајтерите со чудење вртат наоколу, двоумејќи се по кој сообраќаен знак да возат и кој правец да го фатат. Уште повеќе, каде да паркираат. Битно, на сите, на домашните и на „странците“ им е јасно дека наближуваат избори, па впечатокот дека на големо се гради – дејствува.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ветераните на „Младост“ Оризари, играа фудбал и се дружеа

Ветераните на накогашниот фудбалски клуб „Младост“ од Оризари, денеска го одиграа традиционалниот фудбалски натпревар кој собра над дваесетина поранешни фудбалери, сега распрскани низ Европа и Светот. Популарните „старци“ и во оваа прилика покажаа дел од своите фудбалски вештини, финти и дриблинзи, а голманите парадираа како „младичи“. Чудно е што и овој натпревар заврши без победник, 3 : 3, иако и едните и другите имаа по многу шанси за голови и победа. По натпреварот сите заедно седнаа на дружење и коментари околу тоа што се случуваше на теренот, како и на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Турнирот во Зрновци ја враќа вербата во луѓето

Синоќешното финале на Илинденскиот урнир во Зрновци, помеѓу екипите на „Европа 92“ и „Фабијан“, донесе тврд и неизвесен натпревар, кој во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Победникот беше одлучен по изведувањето на пенали, каде попрецизни беа фудбалерите на „Фабиан“ кои го освоија победничкиот пехар на турнирот. Меѓутоа, покрај спортскиот дух на учесниците, турнирот го одбележа извонредниот хуманитарен гест на освојувачите на наградите, кои паричниот дел го донираа за малиот Јаков. Победникот 15.000 денари, второпласираната екипа 10.000 денари и третопласираната 5.000 денари. Плус 15.000 денари, колку што е наградата за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот во посета на 52 годишната родилка

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја посети 52-годишната Лилјана од Кочани, која се породи пред неколку дена во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје, донесувајќи на свет здраво бебе. Притоа, градоначалникот и честиташе за нејзината храброст и упорност. За родилката Лилјана е најбитно што таа и бебето се чувствуваат добро и порача ниедна жена во поодминати години која сака да биде мајка да не се откажува, туку само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел.

Прочитај повеќе