ОПШТИНА КОЧАНИ 

Награда за видеото со пожарот над Белско Маало

Актуелности.мк го предлага за специјална награда снимателот на видеото со огнените јазици и густа чад над куќите во Белско Маало, бидејќи страшниот призор ги донесе во Кочани првите луѓе на власта и на опозицијата. И не само нив, туку и одговорните за кризи, кои ја сфатија сериозноста на ситуацијата, дури откако го видоа истото на социјалните мрежи и во вестите на телевизиите, па испратија помош. Претходно очајните апели на локалните фактори останаа без позитивен одговор, за што зборува  една од многубројните изјави на градоначалникот, дадени за медиумите, во која тој…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани градилиште – Кочани под режими

Од еден до друг режим во сообраќајот, кои се надоврзуваат последователно речиси цела година во централното градско подрачје, Кочани полека се претвора во град на режими и комплицирани кружници. Застои, колони од паркирани и возила во движење, небезбедни свртувања покрај кружните текови, е секојдневната слика на главните кочански улици, кои летово се додатно оптоварени со повратниците од странство. Сето тоа на 40 плус степени Целзиусови, кои на асфалтот, каде го има, се за десетина степени повисоки. Одговорните повикуваат на трпение, ама на улица се е поинаку. Прашањето е дали некој…

Прочитај повеќе