РЕГИОН 

Концесионерите со различни цени на ловот

На околу месец ипол пред стартот на ловната сезона, многу шпекулации кружат меѓу ловците поврзани со ловиштата и концесионерите кои треба да го организираат ловот. Коментарите дека поради истражни постапки, концесионерот Текстил, кој стопанисува со двете ловишта во Кочани, се откажал од концесионерството, денеска ги демантираше секретарот на ова ловно здружение, кој во телефонски разговор ни кажа дека ловните дозволи се добиени и дека освен за прелетен дивеч, ловната сезона за полезен и високопланински дивеч ќе се реализира според планот. Членарината за оваа година изнесува 5.000 денари, а ловците веќе…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кочани го доби првиот кандидат за градоначалник

Десетина дена по распишувањето на Локалните избори, закажани за 17-ти Октомври, граѓаните на Општина Кочани денеска го дознаа името на првиот официјален кандидат за градоначалник. Имено, ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери објавија дека ќе го трчаат изборниот круг на претстојните локални избори со кандидатот Љупчо Папазов. Практично од партијата го потврдија тоа што неофицијално беше соопштено уште пред дваесетина дена, а е резултат на убедливата предност на Папазов, на неколкуте анкети со граѓаните на Општина Кочани.. Љупчо Папазов е познат стопанственик во Кочани, чија работа датира од почетоците на пазарната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се уредува зелениот пазар кај Автобуската станица

Бараките на тротоарот од левата страна на улицата „Тодосија Паунов“ се преместени, а просторот на старо-новото зелено пазарче кај Автобуската станица се уредува и добива нов лик. Нефункционалните бараки, како и натрупаниот отпад и ѓубрето се отстрануваат со цел до неодамна напуштениот простор максимално да биде корисен, а пешачките површини слободни за непречено движење. Градоначалникот Николчо Илијев смета дека содржините на овој потег од градот можат да бидат подобро организирани и распоредени, така што протокот на сообраќајот, а посебно движењето на пешаците по тротоарите да не биде отежнато или невозможно.…

Прочитај повеќе